Како што јави дописникот на МИА од Софија, само во Военомедицинската академија за три часа се вакцинирале 214 лица. Од нив, 183 биле со прва доза, а 18 со третата. Центарот за вакцинација ќе работи прекувремено и утре од 09:00 до 12:00 часот.

Промената на работното време се должи на зголемениот интерес на граѓаните да се имуниузираат против Ковид-19.

Според податоците, во последните денови забележани се три пати повеќе заинтересирани граѓани за вакцинирање. Имунизацијата се спроведува со вакцините на Модерна, Фајзер/БиоНТек и Јансен.

Моловите во Софија се празни поради новите услови за влез со сертификати. Поставени се шатори во близина на барови и ресторани во Софија, каде што се прават антиген тестови за оние кои чекаат во ред да влезат. Рестораните пријавуваат сериозен пад на посетители поради воведувањето на зелениот сертификат.