Во земјава е регистрирана голема кашлица, а таков пример е регистритан и кај шестмесечно бебе. Она што е карактеристично е тоа што се јавува кај невакциниран случај, па затоа докторите препорачуваат дечињата редовно да се вакцинираат.

Во сезоната на респираторни инфекции, вообичаено е бројот на прегледи да биде поголем. Ваква кашлица е потврдена кај шестмесечно бебе кое се наоѓа во детската болница во Козле. Станува збор за втор случај.

Ова е народски наречена „магарешка“ кашлица. Има повеќе стадиуми. Во секој стадиум има свои карактериски.

Карактеристични се третиот стадиум и четвртиот стадиум кои може да завршат и со повраќање. Докоторите велат дека најчесто се јавуваат навечер.

На прашањето „колку е сериозна оваа зараза“ докторите велат дека особено претпазливи треба да бидат малите дечиња, а како начин на заштита и превенција велат дека е редовното вакцинирање.

За лекување докторите ги посочуваат како најефикасни макролидите. Докторите се децидни дека доколку навремено се открие заразата тогаш не претставува сериозен проблем.

Во меѓувреме, од Комисијата за заразни болести се уште нема најава за состанок. Она што е активно од нива страна се апелите за вакцинација.