Најголем дел од новите случаи се во Скопје – 152, потоа Битола – 33, Охрид – 20, Кавадарци и Струмица – по 16, Прилеп –14, Куманово и Делчево – 10.
За истиот период се починати 19 лица како последица на болеста ковид-19 на возраст од 38 до 91 година. Сите починале во болнички услови, а од нив шестмина од Скопје, 5 од Битола, двајца од Велес и по едно лице од Штип, Пробиштип, Кавадарци, Кочани, Гевгелија и Македонска Каменица.
Регистрирани сe 309 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 1.467.751 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 215.009, бројот на оздравени пациенти е 199.064, на починати е 7.547, а бројот на активни случаи изнесува 8.398.