Во 2026 година учесниците на УСА Опен ќе поделат рекордни 108 милиони долари, со што е поставен најголемиот награден фонд во историјата на професионалниот тенис.

Победникот и победничката во сингл конкуренција ќе заработат по 5,5 милиони долари. Според организаторите, тоа е најголемата поединечна награда досега за шампион на еден тениски турнир.

Сепак, високи награди ќе добијат и тенисерите кои ќе бидат елиминирани уште на стартот. Учесниците кои ќе загубат во првото коло ќе инкасираат по 140.000 долари.

Наградниот фонд оваа година е зголемен за 20 отсто. Тоа е втора година по ред во која вкупната сума расте со ист интензитет.

За само две години, наградниот фонд е зголемен за вкупно 44 отсто.