Според податоците објавени во извештајот на СЗО, во текот на оваа недела, бројот на починати ковид-пацинети во светот е над 93.000, а потврдени се 5,7 милиони новозаразени, пренесува ТАШ.

Во извештајот од изминатата недела, СЗО информира дека во периодот од 26 април до 2 мај, во светот се потврдени 5.705.981 и 93.523 смртни случаи на Ковид-19.

Тие исто така соопштија дека британскиот сој е раширен во 142 земји во светот, додека јужно африканскиот сој е потврден во 97 земји, а бразилскиот сој во 56 земји.