Од почетокот на пандемијата, во земјата се регистрирани над еден милион инфекции и 33.519 смртни случаи.
Унгарија, каде стапката на вакцинација заостанува зад просекот на Европската унија, минатата недела воведе нови рестриктивни мерки против коронавирусот.
Владата на премиерот Виктор Орбан, која е против натамошно затворање поради страв од последици за економијата, оваа недела започна кампања за вакцинација.
Денешните владини податоци покажуваат дека 5,81 милиони луѓе, или нешто помалку од 60 отсто од населението, се целосно вакцинирани, додека 2,04 милиони лица ја примиле засилувачката доза од вакцината.
Унгарија воведе задолжителна трета доза на вакцината против Ковид-19 за здравствените работници.
Владата на премиерот Орбан, исто така, им дозволи на компаниите сами да прогласат задолжителна имунизација против коронавирусот за нивните работници.