Силен пораст на краткорочните сместувања преку онлајн платформи

Краткорочните туристички сместувања во Европската Унија бележат значителен раст на почетокот од годината, покажуваат најновите податоци на Евростат.

Во првиот квартал од оваа година се регистрирани 144,3 милиони ноќевања во сместувачки капацитети резервирани преку онлајн платформи како Airbnb, Booking и Expedia.

Според Европската статистичка служба, ова претставува зголемување од 9,7 проценти во однос на истиот период лани, додека споредба со првиот квартал од 2024 година покажува раст од 16,6 проценти.

„Податоците укажуваат на континуиран тренд на раст во користењето на краткорочни сместувачки услуги во ЕУ“, наведуваат од Евростат.

Јужна Европа останува најпосетувана

Според регионалните статистики, Андалузија е најпосетувана дестинација со 9,9 милиони ноќевања, по што следуваат Канарските Острови со 8,2 милиони и Ил де Франс со 7,2 милиони ноќевања.

Меѓу десетте најпосетени региони во ЕУ доминираат Шпанија со пет региони, Франција со три и Италија со два, што ја потврдува силната туристичка концентрација во јужна и западна Европа.