Гасот што треба да се испорача во октомври на холандската берза денеска се тргуваше за 1.031,3 долари за 1.000 кубни метри, што е пораст од над 11 проценти за еден ден.
Директорот на природни ресурси и артикли во компанијата Фич, Дмитриј Мариченко изјави дека е можен понатамошен раст на цената на гасот ако зимата биде многу студена и ако има дефицит во понудата.
– Најголем тест и за цената на гасот и за потрошувачите ќе биде зимата. Ако времето е студено, а имаме физички недостиг на гас, цените би можеле да бидат повисоки, истакна Маринченко.
Тој додаде дека растот на цената на гасот е и рефлексија на актуелната конкуренција помеѓу европските и азиските купувачи на течниот природен гас, малите резерви во европските капацитети за складирање гас и недоволното зголемување на испораките на најголемите снабдувачи на гас во Европа, пред се „Газпром“.