Прифатени барањата на македонските превозници

Министерот за транспорт Александар Николоски информира дека од Брисел пристигнале позитивни вести во врска со проблемот со македонските професионални возачи во Европската Унија. Како што соопшти тој, ставовите на Македонија биле прифатени, а возачите се признаени како професионалци, што претставува клучното барање на превозниците.

Нова стратегија за визи по протестите

Во продолжение го пренесуваме Фејсбук статусот на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски:

Само што добив ОДЛИЧНИ вести од Брисел во врска со огромниот проблем на превозниците од Македонија! Нашите ставови се прифатени. Возачите се прифатени како ПРОФЕСИОНАЛЦИ. Тоа е тоа што го баравме. После протестите и силната офанзива изминатиот период Брисел ќе донесе нова Стратегија за визи која ќе значи решавање на проблемот со кој се соочија професионалните возачи. Во прилог најзначајниот дел од неа. Благодарам до сите пријатели на Македонија кои помогнаа со цел да се реши овој проблем, пишува Николоски.

Инаку, вицепремиерот Николоски деновиве е во дипломатска офанзива за да се реши проблемот со транспортерите.

(ВИДЕО) НИКОЛОСКИ ВО ЗАГРЕБ: Силна поддршка на Хрватска за македонскиот евроинтегративен процес и зајакнување на економските односи меѓу двете земји