Тој ќе ја презеде оваа функција на први август. Амбасадорот Рикер во моментов е в.д. помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија. Рикер беше амбасадор на САД во Македонија од 2008 до 2011 година.

Канцеларијата на портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс, рече дека САД немаат поблизок сојузник од Обединетото Кралство, и оти амбасадорот Рикер е посветен да продолжи да го унапредува овој специјален однос.

Рикер учествуваше на регионална конференција во Охрид на почетокот на месецов, каде истакна дека Македонија е значаен придонесувач на глобалната безбедност, а македонската дипломатија ја нарече храбра во контекст на потпишувањето на Договорот од Преспа и заложбата за добрососедски односи.

Тој ја истакна заложбата на САД за што побрза интеграција на земјата во ЕУ.