Граѓаните на Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и БиХ тарифата за роаминг од почетокот на идниот месец, за телефонски разговори и СМС пораки и интернет ќе им бидат по цена како да се дома. Овој договор помеѓу државите од окружувањето започна уште во 2019-та година кога во прва фаза започна со намалување на цените за овие услуги од 80 отсто, и завршува со целосно укинување на роаминг цените.
Сепак граѓаните треба да бидат внимателни со користењето на интернет во земјите од регионот. Иако од 1 јули цените во роаминг ќе се тарифираат исто како да сме дома, сепак надлежните предупредуваат дека со користењето интернет не треба да се претерува. Доколку операторите воочат дека странски државјани користат интернет повеќе од колку што тоа го прават во својата држава, односно неоганичено симнуваат информации или користат јутуб, интернетот ќе им биде ограничен.
Надлежните велат дека сега се прават напори вакви поволности да имаат граѓаните од земјава и регионот и со жителите на државите од Европската унија. Засега за ова е потребно земјава да е дел од европското семејство. Инаку, во не така далечно минато после секоја летна сезона во јавноста излегуваа граѓани да се жалат дека добиле енормно високи сметки за користење на роаминг услугите. Сега надлежните велат дека и покрај намалените цени на услугите граѓаните треба да бидат претпазливи.