Робертсон кој учествуваше во креирањето на Рамковниот договор рече:
-Светот, Европа и Балканот мислам дека го потценија начинот на кој што Охридскиот договор дава пример, образец за решавање на конфликти. Тој има свои несовршености, мали, не сметаме дека е совршен и се уште ќе има луѓе кои ќе сметаат дека сме им дале премногу или добиле премалку. И двете овие гледишта се на погрешната страна од историјата. Консензусот, компромисот и рамнотежата, толеранцијата можеби не се модерни во свет кој е склон кон авторитарен модел, но тие се темелот на просперитетни, задоволни и мирни демократии кои повеќето луѓе ги сакаат и многумина копнеат по нив
Тој посочи и на членството во НАТО, кое и овозможува, вели, безбедна иднина на земјата, но и на подготвеноста за членство во ЕУ.
-Пред 20 години кога ПЈРМ, така тогаш се викаше вашата земја, храбри и талентирани Македонците својата иднина ја гледа надвор од границите на својата земја, членството во НАТО беше само далечен сон. Сега ПЈРМ веќе не постои на светската мапи, а Северна Македонија може да гледа безбедна иднина, како во странство така и дома. НАТО сега е реалност, а знамето на Република Северна Македонија гордо се вее на зградата на НАТО во Брисел, тоа и треба да биде реалност за вашето членство во ЕУ. Подготвени сте, ја направивте тешката работа. ЕУ има потреба од вас и само на тој начин може да се консолидира напредокот што беше постигнат во овие две децении, рече поранешниот генерален секретар на Алијансата.
Тој упати и апел до Бугарија да ја крене блокадата на евроинтегративниот пат на земјава.
-Кога Бугарија бараше членство во ЕУ и НАТО тие имаа добри пријатели во мене и во штабот на НАТО. Бугарија како сосед имаше огромна приодобивка од овој Охридски договор. Доколку конфликтот продолжеше на традиционален начин како што завршува на Балканот, Бугарија ќе ги почувствуваше тие бранови и се уште ќе ги чувствуваше до денес. Денешната ЕУ е составена од земји кои со години и векови биле непријателски настроени. Но, триумф на нашето доба е што овие непријатели денес седат заедно во оваа неверојатна унија на слободни и интегрирани земји. Северна Македонија заслужува да биде таму и се надевам дека Бугарија ќе ги слушне едногласните барања од нивните пријатели и ќе ја крене блокадата за Северна Македонија, апелираше Робертсон, кој укажа дека и натаму е посветен да дава поддршка на земјава како дел од Охридската група за просперитетна иднина.