Румен Радев официјално го доби мандатот за составување нова бугарска влада. Мандатот денеска му го врачи потпретседателката Илијана Јотова.
Радев е кандидат за премиер на партијата Прогресивна Бугарија, која има најмногу пратеници во 52. Народно собрание.
Пред врачувањето на мандатот, Јотова одржала консултации со парламентарните партии. Во фокусот на разговорите биле буџетот, судските реформи и исплатите од европскиот План за закрепнување и отпорност.
Румен Радев е поранешен претседател на Бугарија и поранешен командант на бугарските воздухопловни сили. Во последните години важи за една од највлијателните политички фигури во земјата.
