Руските власти денеска соопштија дека забраниле влез на 500 Американци, а на листата е и поранешниот претседател Барак Обама, како одговор на санкциите воведени од Вашингтон.
„Како одговор на антируските санкции што редовно ги наметнува администрацијата на Бајден… влезот во Руската Федерација е затворен за 500 Американци“, соопшти Министерството за надворешни работи.
Министерството додава дека на списокот е и поранешниот америански претседател Барак Обама.