Стејт департментот ги предупреди граѓаните да не патуваат во Србија и осум други дестинации поради вирусот, вклучувајќи ги Словенија, Албанија, Литванија, Авганистан, Гренада, Белизе, Сент Китс и Невис и Маурициус.
Се наведува дека тие држави се меѓу земјите од четврти степен во кои е регистрирана значителна распространетост на коронавирусот. Според податоците на Министерството за здравство на Србија, од вчера, уште 27 лица починале од Ковид-19. Бројот на новозаразени продолжува да расте, а инфекција е потврдена во претходните 24 часа кај 6.249 од 21.163 тестирани лица.