САД и Украина го обновуваат дијалогот. По напуштениот состанок во петокот меѓу Зеленски и Трамп, сега повторно има позитивни индиции за конечен мир во Украина.

(ВИДЕО) Белата куќа во тензија: „Се коцкаш со Трета светска војна и милиони животи“ – Трамп го предупреди Зеленски

Американскиот претседател: „Време е да престанеме со ова лудило”

Американскиот претседател Доналд Трамп во обраќањето пред заедничката седница на Конгресот истакна дека се водат сериозни разговори со Русија, а од Москва добива позитивни сигнали за завршување на војната во Украина. Тие се спремни да го обновуваат дијалгот.

„Време е да престанеме со ова лудило. Време е да се запре убиството. Време е да се стави крај на оваа бесмислена војна. Ако сакате да ставите крај на војните, треба да разговарате со двете страни“, изјави Трамп.

Зеленски се подготвува за преговарачка маса

По ненадејното стопирање на американската воена помош за Украина, украинскиот претседател Володимир Зеленски најави подготвеност за преговори. Тој истакна дека ќе работи конструктивно под водството на Трамп и дека е подготвен да потпише договор кој ќе им овозможи на САД пристап до рудното богатство на Украина.

„Бараме конструктивна соработка и односи засновани на партнерство. Ние мора да најдеме сила да одиме напред, да се почитуваме еден со друг, исто како што отсекогаш ги почитувавме Америка, Европа и сите наши партнери. Да направиме сѐ заедно за да го доближиме мирот“, нагласи Зеленски.

Поддршка од Европа и НАТО

Одлуката на Зеленски ја поздрави францускиот претседател Емануел Макрон. Во исто време, европските сојузници на Украина ја потврдија својата поддршка за Киев. Европската комисија објави план за вооружување на Европа во вредност од 800 милијарди долари.

„Вистинското прашање пред нас е дали Европа е подготвена да дејствува толку решително како што налага ситуацијата и дали Европа е подготвена и способна да дејствува брзо и со потребната амбиција“, изјави Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европската комисија.

Според новиот план, ЕУ ќе гради сопствен безбедносен капацитет во вредност од 800 милијарди евра, од кои 150 милијарди се наменети за национални заеми. Овој потег е дел од пошироката стратегија за зајакнување на безбедноста на континентот и воена помош за Украина.

Брисел останува посветен на соработката со НАТО-партнерите, додека глобалните напори за мир продолжуваат.