Заменик-секретарот за одбрана Кетлин Хикс беше информирана за новиот софтвер за време на посетата на американската Индо-пацифичка команда на Хаваи во вторникот, јавија денеска американски медиуми.

Таа истакна дека софтверот пресметува стратешки отпор. Компјутерскиот систем ќе му помогне на Пентагон да предвиди дали одредени активности ќе предизвикаат голема кинеска реакција. Во октомври кинеската војска ги осуди САД и Канада за испраќање бродови во Тајвански Проток, истакнувајќи оти тоа е закана за мирот и стабилноста во регионот.

Софтверот е изработен со цел да се обезбеди дека американските чекори ненамерно ја вознемируваат Кина.

Додека односите меѓу САД и Кина се веќе на ниско ниво, софтверот предвидува реакција на низа активности до четири месеци однапред.