САД нудат награда од 10 милиони долари за информации што ќе помогне да се пронајде им СалАјаш од Хезболах, кој беше осуден за убиство на поранешниот либански премиер Рафик Харири.
Стејт департментот соопшти дека ќе понуди награда за „информации што водат до откривање или идентификување“ на Салим Ајаш или „информации што ќе го спречат да учествува во акт на меѓународен тероризам против американско лице или американски имот“.
Специјален трибунал на ООН за Либан, со седиште во Холандија, во декември го осуди Ајаш на доживотен затвор за убиството на Харири во 2005 година.
Се верува дека Ајаш (57) се крие во Либан. Шефот на Хезболах Хасан Насралах одбива да го предаде.
Трибуналот соопшти дека ќе го суди Ајаш и за уште три напади врз либански политичари.
Стејт департментот соопшти дека Ајаш планирал да му наштети и на американскиот воен персонал. Се верува дека Харири, сунитски муслиман е убиен затоа што се спротивставил на сириската контрола во Либан. Дамаск е во сојуз со Хезболах, шиитско муслиманско движење, поддржано од Иран.
Убиството на Харири ја предизвика Кедар Револуцијата, која ги потисна сириските трупи. САД ја сметаат Хезболах за терористичка група, но движењето има политичка моќ во Либан, каде има свои пратеници во Парламентот.