Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден јавно предупреди дека Русија може да употреби хемиско или биолошко оружје во Украина.
Белата куќа ги отфрли руските тврдења за нелегален развој на хемиско оружје во Украина.
Оваа недела, портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова ја обвини Украина дека има лаборатории со хемиско и биолошко оружје со поддршка на САД. Прес секретарот на Белата куќа Џен Псаки ги нарече руските тврдења „бесмислени“ и додаде дека тоа би можело да биде обид на Русија да создаде основа за сопствена употреба на такво оружје за масовно уништување против Украина.