Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (26.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 152 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 99 санкции, шест мерки за возење без возачка дозвола, 12 санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се три мерки за нерегистрирани возила, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 2 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.