Министерството за внатрешни работи, во рамките на засилена акциска контрола на територијата на Македонија во текот на вчерашниот ден, во периодот од 10 до 15 часот, санкционираше 199 пешаци.
За небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин се санкционирани 160 од пешаците, додека, девет за минување на црвено светло. Од нив, 48 на територија на СВР Скопје, 28 на територија на СВР Битола.
Од МВР дополнуваат дека за време на контролата се регистрирани и 142 останати прекршоци.
Информираат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
– Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници, посочуваат од МВР.