Денеска ќе се одржи 26 конгрес на СДСМ. Во партиското седиште ќе биде присутно само најтесното партиско раководство, а конгресот ќе се одржи онлајн. Социјалдемократите ќе избираат заменик претседател, потпретседатели, но и членови на Централниот и Извршниот комитет.
Претседателот на СДСМ Зоран Заев вчера изјави дека денеска органите на партијата ќе ги предложат кандидатите за заменичкото и потпретседателските места на партијата. Заев најави нова и свежа енергија со која, како што вели, партијата треба да оди напред.
Радмила Шекеринска најави дека ќе се повлече од партиската функција и вели дека не е од оние луѓе кој припаѓаат на некоја партија само поради функцијата и дека време е фокусот да се стави на суштинските политики наместо на внатрепартиските промени кои се нормални за секоја една партија.
Од имињата за кои се шпекулира дека ќе дојдат на нејзината функција се и министрите Оливер Спасовски, Фатмир Битиќи и Венко Филипче.
Меѓу имињата кои се спомнуваат за вискои партиски функции се и Сања Лукаревска, како и универзитетските професорки Беса Арифи и Гордана Лажетиќ Бужаровска. Актуелни потпретседатели на партијата се Мила Царовска, Коста Петров, Оливер Спасовски и Мухамед Зекири.
Членови на СДСМ од Куманово, општина Центар и од Охрид најавуваат дека на претстојните локални избори ќе учествуваат со независни листи, а се најавува и можно формирање и на нова политичка партија.