Протестот е на народот, а кога ВМРО ќе прави протест заедно со народот, тогаш тоа ќе биде последниот ден од мафијата на Заев. Наместо да посветат внимание на решавање на проблемите СДСМ како “стрини на пазар” се расправаат кој го правел протестот, велат од ВМРО ДПМНЕ.
СДСМ не го гледа дебакалот кој им се случува пред очи, од нивните грешни политики губиме цели генерации, и наместо да се потрудат да не прават грешки, за нив народот е виновен. Учениците и родителите се против укинувањето на учебниците и тоа СДСМ треба да го прифати како факт и да се помири со тоа. Наместо насилно спроведување на штетни политики да го повлечат законот во целост. Не смее цели генерации да страдаат заради нечија желба за профит. Доколку СДСМ продолжи игнорантски да се однесува и го турка на сила овој закон, ВМРО-ДПМНЕ ќе го укини веднаш по доаѓањето на власт, а одговорност ќе има за сите, кои на штета на децата туркале други агенди, велат од ВМРО ДПМНЕ