Премиерот Зоран Заев денеска на пуштањето на експресниот пат Штип-Радовиш најави дека за да биде правично треба да бидат опфатени и радиостаниците, локалните и регионалните медиуми.
– Мухамед Зекири е одговорен како Генерален секретар којшто со правните служби го бара правното решение. Парите во Буџетот постојат за оваа работа. Верувам дека правните служби ќе го изнајдат решението затоа што некојпат волјата е јасна и докажана, но правните регулативи мора да се најдат за да секако исполнувајќи едно очекување на овие медиуми и исполнување на позитивната одлука од страна на Владата мора да биде правно заштитена и начините правно формално регулирани, вели Заев.
Тој се надева дека во текот на јули ќе го најдат решението, за да може да се реализираат средствата, коишто им се драгоцена помош на медиумите.