20-годишна жена пријавила во полиција дека била набљудувана додека пробувала облека во гардероба на продавница во трговски центар во скопската општина Ѓорче Петров.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 16 јули 2026 година во 17:30 часот во СВР Скопје.

Жената во пријавата навела дека истиот ден околу 14:30 часот, додека била во гардеробата и пробувала облека, забележала лице качено на скала кое ја гледало додека се пресоблекувала.

Во врска со настанот, во полициска станица бил извршен службен разговор со Љ.С. (43) од Скопје.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.