Си-Ен-Ен во понеделникот објави дека Фраматоме, француската компанија што ја дизајнираше централата, предупредила дека Кинеската управа за национална безбедност (ННСА) го подигнала прифатливото ниво на радијација околу електраната во југоисточна провинција Гуангдонг за да се избегне нејзиното затворање.
Министерството за екологија и животна средина во средата објави дека е откриено зголемување на нивото на зрачење во примарното коло кај реакторот Единица 1 на Таишан, но тоа е во рамките на параметрите за безбедно работење.
Надзор на нивото на радиоактивност
Министерството соопшти дека ќе продолжи внимателно да го следи нивото на радиоактивност во реакторот Единица 1, а исто така ќе ја задржи комуникацијата со Меѓународната агенција за атомска енергија, како и со француското тело за надзор на нуклеарната безбедност.
Проектот Таишан, завршен во 2019 година, се состои од два реактори дизајнирани во Франција и се наоѓа на околу 200 км од Хонг Конг.