Министерот рече:
-Рокот за ревакцина со „АстраЗенека“ од 12 недели ќе се скрати на шест недели. Така ќе биде со сите граѓани кои треба да се ревакцинираат со оваа вакцина
Филипче посочи дека нема промена во однос на лицата кои ја примаат оваа вакцина, односно со „АстраЗенека“ и натаму ќе се имунизираат постарите од 60 години.
-Во упатството има една флексибилност од 4 до 12 недели, ние бевме многу внимателни чекајќи ги сите публикации и искуства на други земји за првично регистрирани несакани ефекти. Како гледаме дека тој ризик е прилично минимален одлучуваме ревакцината да биде на шест недели, објасни министерот.