Роберт Де Ниро го загуби својот 19-годишен внук. Како што дознаваат медиумите, неговиот внук, попознат како Леандро Де Ниро, бил пронајден мртов во неделата наутро.

Она што ги потресе сите е тоа што покрај телото е пронајдена чинија со кеса во која има бела прашкаста материја.

“Длабоко сум потресен од смртта на мојот сакан внук Лео. Многу сме благодарни за сите изрази на сочувство. Ве молиме да ни дадете приватност за да жалиме по загубата на Лео“ – рече актерот.