Полициски службеници од СВР Скопје, постапувајќи по пријави дека во село Глумово има пукање од огнено оружје, вчера околу 15.23 часот, излегле на лице место при што биле пронајдени чаури од огнено оружје, пред домот на И.С.(51) од ова село, каде што имало семејна веселба.

Од И.С. се земени парафински ракавици и пиштол „Глок“, а чаурите се подигнати за вештачење. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

МВР уште еднаш апелира до граѓаните да се воздржат од пукање со огнено оружје на семејни веселби, затоа што тоа може да предизвика тешки последици.

– Потсетуваме дека пукањето е спротивно на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, а паричната глоба за ваков вид прекршок се движи од 200 до 500 евра (член 31). Зависно од последиците, пукањето може да претставува и кривично дело „предизвикување општа опасност“, за кое е предвидена и затворска казна од една до пет години (член 288 од Кривичниот законик), се додава во соопштението на МВР.