Информацијата синоќа ја потврди Реал, прецизирајќи оти двете страни официјално ќе се разделат денеска.

Триесетипетгодишниот Рамос оваа година имаше многу проблеми со повреди и од јануари одигра само пет натпревари во белиот дрес.

Се уште не е позната новата фудбалска дестинација на Рамос, кој со Реал освои пет шампионски титули во Шпанија и четири трофеи во Лигата на шампиони.