Пожарот што попладнево избувна кај скопското село Катланово и вечерва е активен. Видлив е од сите страни на патот, а граѓаните на социјалните мрежи предупредуваат да се вози внимателно на делницата Скопје – Велес.
Според Стојанче Ангелов, директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), кај Катланово гори нискостеблеста шума, а на терен се пожарникарите од Скопје. Викендиците што се наоѓаат во овој регион, како што рече, ќе бидат одбранети од пожарот.
Од ЦУК информираат дека до 19 часот има вкупно 26 пожари, од кои активни се осум, а изгаснати се 18.
Активни пожари има во општините Прилеп, Чашка, Петровец, Штип, Чучер Сандево и Долнени.
Изгаснати пожари има во општините Брвеница, Јегуновце, Старо Нагоричане, Прилеп, Штип, Кисела Вода, кај булеварот „Борис Трајковски“ кај Расадникот, Студеничани, Карпош, Неготино, Куманово, Врапчиште, Крушево, Демир Хисар, Гостивар.