Нов инцидент со автобус на ЈСП низ улиците на Скопје. Вечерва се запалил автобусот со број 9 на улицата „Џон Кенеди“ во скопски Чаир, јавува репортерот на ТВ21.

Од фотографиjата се гледа како од автобусот излегува чад од моторот. Станува збор за двокатните автобуси „Јутонг“.

Според информациите, сите патници безбедно го напуштиле автобусот, веднаш откако бил забележан дим.