Мицкоски: Трагедијата во Кочани се злоупотребува за политичка кампања

Премиерот Христијан Мицкоски беше запрашан за оставките што ги бараат од него и од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по трагичниот настан во Кочани. Тој вели дека искрената тага на родителите е злоупотребена, а напормена и за „дигитален споменик“ со крв којшто се ширел по интернет.

„Дигитален споменик со лик испрскан со крв“

Мицкоски изјави дека по маршовите за „ангелите од Кочани“ бил сведок на дигитална кампања во која неговиот лик бил прикажан на споменик испрскан со крв, заедно со имињата на министерот Тошковски и директорот Јанев. „Ако некој смета дека тоа е добра кампања – во ред“, рече премиерот.

Обвинувања за злоупотреба на болката

Тој нагласи дека постојат луѓе на кои најмалку им е грижа за родителите што ги изгубија своите деца, и дека трагедијата се користи за политички поени. Според него, ваквиот чин е преседан на македонската политичка сцена.