Ќе заседаваат Комисијата за европски прашања, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Комисијата за одбрана и безбедност и Законодавно-правната комисија.

Пред членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците е Годишниот извештај за работата на Судскиот совет за 2020 година, а Комисијата за одбрана и безбедност ќе ги разгледа Предлог-одлуката за испраќање на припадници на Армијата во меѓународната операција на Европската унија „Алтеа“ во Босна и Херцеговина и Предлог-резолуцијата на миграциската политика 2021-2025 со Акциски план.

Овие две точки за кои ќе расправа Комисијата за одбрана и безбедност се на дневен ред и на Законодавно-правната комисија.

Комисијата за европски прашања ќе одржи две седници. На едната на дневен ред се повеќе закони во второ читање меѓу кои Предлог-измените на Законот за лична карта, дополнувањата на Законот за матичен број, измените на Законот за државјанство и на Законот за патни исправи. Попладне, Комисијата ќе одржи уште една седница на која на дневен ред, според веб страницата на Парламентот, се Предлог-законот за финансиска стабилност и измените на Законот за репродуктивен материјал од шумски видови дрва.