Седум часа Фејсбук, Инстаграм и ВатсАп кои беа недостапни доцна синоќа за корисниците, се вратија во функција. Фејсбук и инстаграм работат, додека WhatsApp не работи целосно.

Шефот на техничкиот оддел на Фејсбук, Мајк Шрефер, излезе на Твитер и објави дека оваа компанија има проблеми со вмрежувањето, и дека тимовите работат на отстранување на овие проблеми што е можно поскоро. Корисниците се уште имаат потешкотии со закачување на видео матерјали на фејсбук.

„Искрено им се извинуваме на сите бидејќи имаше прекин во работата. Имаме проблеми со вмрежувањето и тимовите работат што е можно побрзо за да ги отстранат грешките и да продолжат со работата што е можно побрзо“, напиша Шрефер.

– Инаку, богатството на основачите на Фејсбук е намалено за седум милијарди долари за само неколку часа, поради неколкучасовно прекинување на работата на популарната мрежа, изјави Блумберг.

Луѓето околу 21.30 часот почнаа да се жалат и на проблеми на Твитер каде се прелеа најголем дел од сообраќајот од Фејсбук. На downdetector корисниците се жалат како не можат да одговараат на објавите на Твитер и дека одговорите на објавите не им се прикажуваат.

Акциите на Фејсбук се во пад за околу 5 отсто. со што пазарната вредност е срушена за повеќе од 50 милијарди долари, јавуваат светските медиуми. Богатството на основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг за неколку часа падна за речиси 7 милијарди долари, што на ранг листата на најбогати луѓе „го падна“ на петто место, пишува Блумберг.