Исклучително алармантно бетонирање на брегот на Охридското Езеро, светско наследство на УНЕСКО. Граѓаните известуваат за пет викендички кои најверојатно ќе ги градат градоначалникот и неговите роднини во кампот Ливадиште, на земјиште во сопственост на Eлектрани на Македонија (ЕСМ). Заменик директорот на ЕСМ е од редовите на ДУИ. Овој нов урбан и еколошки криминал доаѓа само неколку недели откако нивната партија го објави своето ребрендирање како зелена партија, напиша на Фејсбук лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села.