Села првично рече дека се чувствува разочаран, но не даде конкретен одговор што се случи со заладувањето на оваа коалиција и промената на односот на Алтернативата кон неговата партија.

-Се чувствувам разочарано, не можам да се чувствувам поинаку, но и горд на секој пратеник на АА, на секој претставник на АА, кои се сериозни и решителни. Знаеме дека имавме 12 пратеници од народот, овие 12 пратеници не се сопственост на субјектот туку се сопственост на граѓанинот кој гласал за промени, рече Села за Алсат.

Тој нагласи:

-Коалициите не се лесни, тие се тешки. Ние можеме да одговараме за нашите чекори, за чекорите на другите политички субјекти тие самите мора да одговараат. Ги слушнавме нивните аргументи и нека ми кажат во кој дел Зијадин Села е антиевропски