Лидерот на Алијанса на Албанците, Зијадин Села во синоќешното гостување на ТВ 21 обвини дека се копаат криптовалути во училишта чии директори се поставени од ДУИ.

-Имам информации дека во училишта кои се раководени од ДУИ се копаат криптовалути, каде е полицијата и што преземаат институциите?, праша Села.

Тој додаде дека кога ќе има повеќе и конкретни информации и имиња, ќе излезе со детали за обвинувањето на прес-конференција.