Радост во семејството на двогрбите камили
Во ЗОО Скопје се роди ново камилче, трето младенче на двогрбите камили Мираи и Карло, со што нивното семејство повторно се прошири. Новото младенче доаѓа по неговите постари брат и сестра Буби и Ками, соопштија од ЗОО Скопје.
Од зоолошката градина информираат дека Мираи и новороденото камилче ноќта ја поминале изолирани од останатите животни, заради ветеринарен надзор и грижа по породувањето.
Веќе денеска, како што наведуваат, камилчето ужива во сончевото време заедно со својата мајка во просторот на ЗОО Скопје.
