Сериозни индиции за злоупотреби во Академијата за судии и обвинители
Два мобилни телефона од лице вработено во Академијата за судии и јавни обвинители, како и видеозапис и две досиеја – за еден поранешен и за еден актуелен кандидат на Академијата, се одземени за време на претресот во оваа институција во рамките на предметот против врховниот судија Наќе Георгиев.
Се вештачи врховниот судија Наќе Георгиев – бил вмешан и во друго кривично дело?
Истрагата против врховниот судија Наќе Георгиев ги насочи истражителите во Академијата за судии и јавни обвинители. Вештачењето на неговиот мобилен телефон го вклучило алармот дека можеби судијата е вмешан и во друго кривично дело. Од Обвинителството велат – побарале дозвола од судија на претходна постапка за одземање на два телефона од вработен во Академијата, како и видео запис и досиеја од кандидати.
Целосно се истражува случајот
Премиерот Христијан Мицкоски очекува надлежните целосно да го истражат случајот. Од Академијата за МТВ потврдуваат дека вработените соработувале со истражителите и им ги обезбедиле податоците коишто од нив биле побарани.
Зошто беше уапсен Георгиев?
Георгиев беше уапсен под сомнение за примање мито од 10.000 евра за да намести случај во корист на обвинет. Издржува мерка притвор, а како што изјави неодамна државниот обвинител Коцевски истрагата за него е при крај.
Сомнежот е дека тој ветувал олеснителни мерки во судската постапка која се води против екс градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев кој беше повторно уапсен овој пат за шверц на марихуана. Уапсениот судија стана познат во јули минатата година кој како струмички кадар екпресно брзо напредуваше заедно со неговиот син Кирил кој беше избран за судија во Основиот суд.