Околу 1300 ученици од скопското средно училиште ,,Здравко Цветковски“ следат настава онлајн. Извори од училиштето за Лидер велат дека во училишната зграда нема греење па затоа се принудени да следат настава од дома.
Според нашите извори, иако менаџментот на училиштето спровел јавна набавка на природен гас за загревање на зградата, парите кои ги предвиделе не биле доволни да се набави потребната количина гас за целата грејна сезона. Учениците и наставниците имале топли простории во првото полугодие и осум дена од второто полугодие.
Според нашите извори, директорката направила превид во целата ситуација. Направила лоша проценка за финансиските средства неопходни да се набави потребана количина гас во услови кога цената на енергенсот потојано расте.
Во моментов во ,,Здравко Цветковски“нема ниту енергенс за загрвање ниту пак финансиски средства за набавка на истиот.
Сепак директорката на училиштето Атина Томовска уверува дека веќе од следната недела ќе има топли училници и учениците ќе се вратат на настава со физичко присуство. Вели не седела со срстени раце и бара алтернативни решенија што побрзо да се надмине целата ситуација.

Лидер: Здравко Цветковски е единственото од 23-те скопски средни училишта каде наставата се одвива онјалн? Која е причината?

-Па затоа што имаме проблем со греењето, цената на гасот е покачена за три пати од она што сме го планирале и сега немаме средства. Ете толку е причината.
Ние второто полугодие го почнавме со физичко присуство. Децата осум дена беа на училиште, денеска е седми дена како се онлајн, наставата тече. Денеска е само седми ден како се децата онлајн. А јас се надевам дека веќе од понеделник, или евентуално вторник, среда, децата ќе се вратат на настава со физичко присуство.
Не седам со скрстени раце, ги правам сите напори, сите можни извори за обезбедување енергенс за училиштето и работам да се обезбеди тоа, вели директорката Томовска.

Лидер: Ќе обајвите ли нова јавна набавка за природен гас за загревање на училиштето?

-Нема да објавам нова јавна набавка, постојат и други алтернативи на кои училиштето може да се грее.
Единствен проблем е покачувањето на гасот од 25 денари кој што сме го плаќале до крајот на минатата календарска година, на 75 денари во оваа календарска година, додава Томовска.

Лидер: Нели сте можеле да предвидите дека цената на енегренсите ќе расте?

-Не не може да се предвиди. Количините сме ги предвиделе токму онакака како што сме ги имале и во годините “регулар“. ЗНАЧИ НИЕ КОЛИЧИНИ ИМАМЕ, СРЕДСТВА НЕМАМЕ. Законот за јавни набавки точно кажува. Ако снема количина или ако снема средства, понатаму не може да тече јавната набавка. Тоа е договорот, вели за Лидер, директорката на СГГУ ,,Здравко Цветковски“ Атина Томовска.