Во НАТО, Македонија е членка поради одредени политичко безбедносни прашања, но вратата на ЕУ останува затворена, рече Оливер Шамбевски, поранешен амбасадор на гостувањето во емисијата Што не е јасно што се емитува на телевизија Алфа.

-Проблем е спорот со Бугарија за ЕУ, но во сите извештаи се наведуваат низа на проблеми корупција, спарвување со пандемијата, владеење на правото. Оваа влада на нив спектакуларно потфрли и видовме денес дека не знаат да решат ништо. Проблемот е во оваа влада и во ништо друго. Направија премногу дилетантски договори, така настапува и на меѓународната заедица, рече Шамбевски.

Според него Владата беше предупредувана уште кога ги потпишуваше дговорите дека се асиметрични, сега спори и Грција поради твит на Заев и следуваше срамно извинување од него.

Не знам јас што мислат од Владата дека друг ќе ни набави вакцини, ќе ни носи инвестиции. Владата барем да направи консензус за клучните прашања, да видиме дали ќе има волја, а можеби е и предоцна зошто ја втурнаа Македонија таму каде што е но не треба да се откажуваме кога станува збор за интересите на државата, вели Шамбевски.