Вицепремиерот и Министер за надворешни работи и меѓународна соработка, Антонио Тајани, денеска ќе оствари посета на Црна Гора и Северна Македонија, каде ќе се сретне со државниот врв на двете земји како потврда на континуираната посветеност на Италија за развој, стабилност и стремежот за европската интеграција на регионот на Западен Балкан.
Во Скопје министерот Тајани ќе се сретне со Претседателката на Републиката, Гордана Сиљановска-Давкова, со претседателот на Собранието Африм Гаши, со премиерот Христијан Мицкоски и со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.
„Северна Македонија е клучен партнер во обезбедувањето просперитетна иднина и стабилност за целиот регион на Западен Балкан. Работиме на надминување на секоја пречка на патот на Скопје за пристапување кон Европската Унија. Има многу голем потенцијал за дополнително зајакнување на нашите билатерални односи почнувајќи од соработката во стратешките и секторите со висока додадена вредност“, изјави Тајани.