„Т.н. политички кујни не ѝ донеле една добра работа на својата партија, иако секогаш ќе ги има. Тоа се обични луѓе кои нема да донесат вредност во партијата, затоа што ќе дојдат на дуел или интервју ќе бидат добри, туку затоа што не пишуваат програма, нема да отидат со комшиите да разговараат и да помогнат на локалната власт“, вели поранешната заменик-претседателка на СДСМ, Радмила Шекеринска за емисијата „Само интервју“.
Таа потенцира дека во СДСМ никогаш не молчела и не се дистанцирала.
„За сите теми кои болат, мора да се дискутира. Ние донесовме ново време во земјава. Тоа време од режимот никогаш нема да дозволиме да се врати. Заев нема никогаш да стане Груевски. Пред 4 години обезбедивме слобода, а без слобода, нема правда“, вели Шекеринска.