– Поради сериозен дефект на Ф-500 на линијата -Лешница, водата во градските резервоари драстично се намали за средна вредност од 150 литри во секунда. Со цел еднакво опслужување со вода за пиење во сите критични делови на градот, ќе има рестрикција на водата за пиење од 01:00 до 04:00 часот и од 13:00 до 16:00 часот, информира Љуљзим Шаќири, раководител на „Водовод и канализација“.

Поради недостигот од вода за пиење во градската водоводна мрежа, за ублажување на состојбата ЈКП Тетово ги активира бунарите за дополнително снабдување.