Фудбалскиот клуб Шкендија изрази длабоко жалење за трагедијата во Кочани. Ја  осуди и неодговорноста на мала група навивачи кои го нарушија едноминутниот молк за жртвите.

(ВИДЕО) СКАНДАЛ: Наместо минута молк за Кочани, во Тетово се пееше за УЧК!

На натпреварот против Брера, кој се одигра во Тетово, официјалниот молк во чест на загинатите беше прекинат од одредени навивачи кои довикуваа и пееја песни. Шкендија веднаш реагираше со соопштение, нагласувајќи дека ваквото однесување не го одразува ставот на клубот, ниту на навивачката база во целина.

ФФМ со дисциплинска постапка против ФК Шкендија поради непочитување на минута молк

Клубот потсети дека целосно ја почитува одлуката на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) за оддавање почит на жртвите. Тие истакнаа дека „Балистите“, главната навивачка група, вообичаено стојат на трибината „Маршин Беќири“, но овојпат биле на централната трибина. Од присутните 3-4.000 гледачи, само околу 20 лица покажале несоодветно однесување, додека мнозинството навивачи го изразиле своето незадоволство со свирежи.

Шкендија уште еднаш го потенцираше својот непоколеблив став за почит кон загубените животи и сочувство со семејствата на жртвите.

Извор: Миа