Шмит потсети дека пресудата на Европскиот суд за човекови права во случајот „Сејдиќ-Финци“, според која сите граѓани на БиХ треба да имаат еднакви права да учествуваат во изборниот процес, не се спроведува веќе 12 години. Високиот претставник изјави дека, дополнително, мора да се преземат чекори за извршување на други пресуди на Судот во Стразбур… со што ќе се стави крај на дискриминацијата врз основа на етничка припадност или живеалиште.
Канцеларијата на Шмит (ОХР) соопшти дека Уставот на БиХ, кој е дел од Дејтонскиот договор, наведува дека Босна и Херцеговина е демократска држава, која постапува во согласност со владеењето на правото. Уставот наведува и дека Европската конвенција за заштита на човековите права и основни слободи и нејзините протоколи во Босна и Херцеговина се директно применливи и имаат приоритет пред сите други закони.
-Имајќи го тоа предвид, време е да се понуди еднаков третман на секој граѓанин на БиХ, како што е наведено во пресудата за случајот „Сејдиќ-Финци“. Советот на Европа покажа големо трпение долги 12 години… Во исто време, намерата на оваа пресуда не е да се доведе во прашање државноста на трите конститутивни народи. Се додека надлежните органи на БиХ не одлучат поинаку, тоа останува во сила, се вели во соопштението.