Кога одекна веста за разводот на Бил Гејтс и неговата сопруга Мелинда, сите се зачудија, а сега во јавност излегоа нови детали за разводот.

Според најновите тврдења, еден од најбогатите луѓе на светот и неговата сопруга не се разведуваат во пријателски односи, а наводно Мелинда со години му е лута на Бил поради неговото зближување со милијардерот педофил Џефри Епстајн кој беше обвинет за трговија со бело робје.

Наскоро поранешната сопруга на Бил Гејтс, наводно го предупредувала сопругот за Епстајн и била гневна поради нивните состаноци.

Бизнис Инсајдер пишува дека двојката се состанала со Епстајн во Њујорк во неговата вила на Upper East Side во 2013 година. Анонимни извори откриле дека кратко по состанокот, Мелинда Гејтс им раскажувала на пријателите за непријатноста што ја чувствувала за време на средбата.

На неколку луѓе блиски на двојката наводно им кажала дека била гневна поради врската на нејзиниот сопруг со Епстајн.

За врската на Гејст со педофилот, Њујорк Тајмс првпат пишуваше кон крајот на 2019 година, кога милијардерот се самоубил во њујоршкиот затвор, каде што го чекал судењето поради обвинувањата за сексуална трговија со девојки и жени.

Наводно, односот на Гејтс и Епстејн се оладил уште во 2014 година, кога Епстајн се жалел дека Гејтс одеднаш престанал да разговара со него.

Да се потсетиме, Бил и Мелинда пред неколку дена објавија дека се разведуваат по 27 години брак.