За време на неговата официјална посета на Грција, тој рече дека 70 проценти од шпанските граѓани ќе бидат вакцинирани до 18 август, што е доволно за да се добие колективен имунитет, пренесува шпанскиот весник „Ел Паис“.

Досега во Шпанија се дадени 19 милиони дози вакцина, односно 28 проценти од населението примиле барем една доза од вакцината, а шест проценти ја примиле втората доза.

Исто така, во април се вакцинирани повеќе граѓани отколку во првите три месеци од оваа година, а според статистичките податоци, една доза на вакцината се дава на секои две минути.

– Почнуваме да ја надминуваме оваа катастрофа, рече Санчез.