Шпанците ја победија Англија со 2:1 во финалето на еврото одиграно на Олимпискиот стадион во Берлин. Стрелци за Фуријата беа Нико Вилијамс во 47 и Микел Ојарзабал во 87 минута. Кол Палмер погоди за Англија во 73. минута.

Во првите 45 минути гледавме несуштински и неатрактивен фудбал со многу претпазливост на двете страни. Шпанците беа малку поконкретни, но не видовме реални шанси. Но, токму на почетокот на вториот дел, Нико Вилијамс постигна фантастичен гол по една одлична акција. Шпанците можеа да го зголемат водството, но Мората, Олмо и Вилијамс беа непрецизни.

Англичанецот никаде го немаше, а потоа практично од никаде израмни Кол Палмер со фантастичен удар од далечина. Џордан Пикфорд во меѓувреме направи две прекрасни одбрани за да ги запре ударите на Јамал од непосредна близина и ја задржа Англија во игра. Сепак, ниту тој не можеше да направи ништо во 87. минута кога Микел Ојарзабал по еден одличен потег постигна гол од непосредна близина.

 

Извор: Канал5